Јувентус ја прегази Пескара – Четврта победа во низа за старата дама


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Јувентус славеа со 3:0 во тринаесетото коло од Серија А на Јуве Арена против Пескара со 3:0.

    Сами Кедира му донесе водство на Јувентус во првото полувреме. Игуаин во второто полувреме испрати проектил, но ја погоди стативата. Додавање со глава на стрелецот на првиот погодок, Сами Кедира до Марио Манџукиќ за зголемување на водството на старата дама. Неколку минути подоцна Ернанес постигна фантастичен погодок за конечни 3:0.

    Единаесета победа на Јувентус оваа сезона и зголемување на предноста во однос на второпласираната Рома на 7 бода.

    Старата дама во следното коло игра на гости против Џенова, Пескара повторно игра на гостински терен, овој пат на Олимпико против Рома.