Јувентус ја прифати понудата на Ред Бул !


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Понудата која беше отфрлена минатото лето, сега ќе биде прифатена. Марио Лемина си заминува од Јувентус, ќе потпише за Ред Бул Лајпциг, а сумата е неверојатна, околу 20 милиони евра, а Јуве го купи од Марсеј за половина од сумата.

Лемина местото во екипата ќе му го препушти на Томас Ринкон, капитенот на Венецуела кој пристигна од Џенова, а италијанците сега сакаат да најдат уште еден играч од средниот ред.

Тие се во потрага по решение  бидејќи Витсел ќе се одлучи за неверојатната понуда од Кина, една од понудите е Н`Зонзи од Севиља, втората Горецка од Шалке за кого се заинтересирани подолго време.

Поради тоа побараа пред неколку дена од германците да одговорат на прашањето за уште еден играч од средниот ред пред Лемина да се пресели во Бундеслигата.

Сепак, тој отпатува во Африка каде што ќе игра за репрезентацијата на Габон на афричкиот куп на нации.