Јувентус ја среди Аталанта – Бјанконерите им се вратија на победите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус славеа на 3:1 на домашен терен против Аталанта во натпревар од петнаесетото коло од Серија А. После петнаесетина минути игра Алекс Сандро ги израдува домашните навивачи.

Четири минути подоцна Ругани по изведен корнер со глава погоди за 2:0. Спортиело му одбрани фантастично по шутот од слободен удар на Пјаниќ. Манџукиќ во 64-та минута по изведен корнер на Пјаниќ со глава зголеми на 3:0.

Осум минути пред крајот на натпреварот Фреулер ги постави конечните 3:1. Јувентус во следното коло го игра градското дерби на гости против Торино, а Аталанта на домашен терен ќе го пречека Удинезе.