До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ништо не може да ги изненади, овие четворица играчи во наредните два преодни рокови ќе го облечат дресот на Бјанконерите.
Бепе Марота беше прилично јасен, Јуве има долгорочни планови, веќе се знае листата на засилувања, а многумина веќе размислуваат за замена за Буфон во догледно време отколку во овој преоден рок.
„Тоа ќе биде прва задача и најтешка работа, како да го замениме најдобриот голман на сите времиња. Тој сака уште да брани, на среќа, но за неколку години ќе се соочиме со таа тешка мисија“, рече Марота.
Тој потврди дека Бентакур од Бока на лето ќе стигне во Јувентус, трансферот е дефиниран, ќе видиме дали одличниот Уругваец ќе се избори за место во екипата, или ќе мора на позајмица.
Дефинирано е и доаѓањеот на Аксел Витсе, им избега во последните часови од преодниот рок, но ќе биде слободен на лето. Јувентус ќе проба да плати на Русите 5 милиони евра и Белгиецот да го доведат на зима, ако одбијат, во февруари Витсел ќе потпише договор со Бјанконерите и во јуни ќе стигне без оштета.
Кои се преостанаите двајца?
Едниот е Блез Матуиди, за кого Јуве има ветување од Раиола дека ќе ги убеди некако ПСЖ во наредните 12 месеци да го пуштат играчот.
„Матуиди нема да потпише нов договор со ПСЖ“, јасен е Раиола, играчот со сите сили сакаше во Јувентус, но се испречи претседателот на Светците Ел Келаифи.
Четвртиот е Доменико Берарди, популарниот „Мимо“ е на мета на Интер, но вчера претседателот на Сасило Сквинци рече дека нема да го пушти во црно-сините.
Јувентус има право на првенство на купување, тие работат со Сасуоло со години, испраќаат таму свои играчи на позајмица, па јасно е дека Берарди во Торино, трансферот треба да биде околу 25 милиони евра.
Јувентус нема потреба да ги засилува другите позиции во тимот, медиумите единствено тврдат дека, ако замине Манџукиќ може да стигне замена, но засега нема најави за таков расплет.
Претседателот Ањели вчера на акционерите најави, псоле уште една година на позитивна финансиска сезона дека клубот е на пат за сам да се финансира, а дека првата цел е освојување на ЛШ.















