До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот клуб од Торино одлично работеше во претходната година, да потсетиме дека во ова лето без оштета стигна Дани Алвеш од Барса.
„Старата дама“ делува незапирливо во Италија а од година во година имаат се пореспектабилен состав и за најголемите цели на европска сцена.
Во ова лето се потрошија за Игуаин, но го доведоа и Алвеш без потрошен цент. Одлично работеа, а со тој тренд може да продолжат и во наредното лето, со тоа што пред наредната сезона може да се надминат и себе.
Постои можност за Бјанконерите да заигра стоперот на ПСЖ Тијаго Силва а сега се појави можност во наредното лето во Тирино, без оштета да стигне ведетата на Арсенал.
Во прашање е шпанскиот играч за врска Санти Казорла, кој никако да парафира нов договор со Топџиите.
Одличниот Шпанец во Лондон стигна од Малага во 2012 година, а од тогаш запиша 129 лигашки настапи за тимот од Емирати. Оваа сезона ја отвори сосема добро, има запишано два погодоци и три асистенции засега.
Сепак, актуелниот договор му истекува на крајот на тековната сезона, а веќе во јануари може да се договори со некој нов клуб. Јуве може му вети трофеј и адекватна плата, ќе видиме дали на крајот ќе се реши да ја промени срдината.















