Јуве договори уште едно засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Јувентус договори уште едно засилување.

Нов член на Старата дама ќе биде дефанзивецот на Аталанта, Матија Калдара, а наскоро би требало договорот да биде и официјално потпишан.

Калдара има 22 години и станува збор за многу добар дефанзивец, кој во редовите на тимот од Торино ќе го замени Андре Барзагли.

Сепак, тој нема веднаш да се приклучи на Старата дама. Во Аталанта ќе игра на позајмица до летото 2018. година, по што ќе се упати кон Торино.