Јуве лут на судијата, роднините на Локатели! Славеа Мунтари и Балотели


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Одеци од дербито, неверување во Јувентус, судијата Рицоли е тема број “еден“. Милан не сака да зборува за судијата, често биле против нив во дерби, Локатели шокиран во сопствениот гол!

    Милан го сруши Јувентус, ја дочекаа својата шанса, полни четири години не го победија големиот ривал.

    На крајот, пресуди неверојатниот гол на Локатели, детето кој победата ја посвети на газдата кој заминува Берлускони кој инсистираше за момчето да биде приклучен во најдобриот тим.

    Се исплати.

    „Не можам да верувам, што е ова. Пресреќен сум, голот е за моите чичковци и браќата кои навиваат за Јувентус“, се пошегува играчот за врска.

    Додаде дека сепак нема да бидат лути бидејќи тој го постигна погодокот.

    Во Милан не сакаат да зборуваат за судијата, Јувентус е бесен на Рицоли, поништен им е регуларен гол и тоа после консултација со помошникот, на никој не е јасно поради што.

    „Офсајд не беше, тоа се виде и од клупата. Не ми е јасно поради што Рицоли ја промени одлуката“, рече Алегри.

    Рече дека за разлика од поразот против Интер, пред неколку недели на истиот стадион, сега доминирале во поседот и заслужиле повеќе.

    Но, Јуве не блескаше, се примети и заморот од мечот со Лиопн. Се повреди и Дибала, ќе отсуствува две недели, ќе го пропушти дербито со Наполи, но и реваншот против Французите.

    Јувентус ја загуби големата предност, сега имаат два бода повеќе од ривалот, навивачите се загрижени бидејќи Игуаин не направи ништо во Милано. Додуша, немаше многу ни употребливи топки.

    Ова беше последно дерби за Адријано Галијани и Силвио Берлускони, на крајот на ноември заминуваат во историјата, стигнуваат кинеските сопственици.

    Сликата на Галијани како слави кога судијата Рицоли ја промени одлуката, ја обиколи светот. Тој беше многу среќен поради победата во својот последен дуел со Јувентус, а рече дека разговарал и со Мунтари пред соблекувалната.

    Алузијата е јасна, Мунтари го постигна тој гол кој судијата не го виде пред пет години на Сан Сиро, кога топката заврши пола метар позади Буфон.

    „Нема да ви откријам што ми рече“, рече Галијани на новинарите.

    Од Ница се огласи голем навивач на Милан, Балотели, кој напиша: „Мама миа, каков гол“.

    Малку имаше причини за славје на Росонерите во последните години, оттаму толкава радост бидејќи Милан не стоеше најдобро на табелата со години…

    Што се однесува до Јувентус, тврдат дека е ова само мала незгода на патот и дека ќе вратат. Во секој случај, два порази против миланските ривали болат, но титулата се освојува во помалите натпревари…