До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Не е само во прашање Аксел Витсел кој треба да стигне во Торино, имаат уште една желба.
Пишувавме во минатите денови, сега Бепе Марота, трансфер гуру на италијанскиот шампиони потврди, го сакаат Тијаго Силва.
„Ме потсетува на приказната за Пирло, сите тврдеа дека е готов, сите знаете што се случи. Не знам какви му се плановите и дали ПСЖ ќе го пушти“, остана недоискажан Марота.
Тијаго Силва сака година дена пред истекот на договорот да го напушти клубот, ни Унај Емери нема ништо против, ПСЖ ќе заштеди огромни пари на платата на Бразилецот.
Јасно, логична дестинација треба да биде Милан, но од друга страна, Бразилецот нема време да го чека проектот, сака одма да победува, тоа може да му го понуди само Јуве.
Јувентус секако ќе го доведе Витсел, ако не на зима, тогаш на лето како слободен играч.
Интересно е дека Марота прв пат остава можност за Доменико Берарди да не дојде во Јувентус.
„На нас е интересен, но ако не сака да го носи дресот, тогаш не можеме ништо“, додаде директорот на Јувентус.
Се шпекулира дека одличниот фудбалер на Сасуоло не е воодушевен од договорот на својот клуб со Јувентус кој има право превенствено купување. Тој се плаши дека ќе помине како Заза, дека нема да добие шанса, а од друга страна навива за Интер и со драга воља би преминал на Меаца.
Во секој случај, со Витсел, Јуве ја активираше и опцијата за купување на Бентакур од Бока, па еден од најталентираните играчи од Јужна Америка во јуни ќе стигне во Торино.
Клубот уште порано најави дека само ќе ги потполнува местата кои недостасуваат, дека нема да има големи купувања бидејќи немаат потреба многу да менуваат.















