Јуве продолжува со доминацијата во Серија А – Рома на колена од Гонзало Пипита Игуаин (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус славеа минимално со 1:0 на домашен терен против Рома во натпревар од седумнаесетото коло од Серија А.

После десет минути игра Игуаин се закани по голот на Шчесни кој лесно го одбрани ударот на аргентинецот. Четири минути подоцна Игуаин ја затресе мрежата на Рома за водство на Јувентус. На полувреме старата дама замина со предност од 1:0.

Во второто полувреме Стураро можеше да го зголеми водството на Јувентус, но Шчесни одбрани. Јувентус на крајот славеше 1:0 во дербито против римската волчица. Старата Дама после денешната победа има водство од седум бода во однос на второпласираната Рома.

Јувентус во следното коло повторно игра на домашен терен, против Болоња, а Рома на Олимпико ќе го пречека Киево.

 

 

Gonzalo Higuain Goal – Juve vs Roma 1-0 by situacijeliga