Јуве се обезбеди, чудото од дете потпишува договор!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Стана прв играч роден во овој век кој настапи во ЛШ, сега е на прагот од професионален договор со Бјанконерите.

    Суперталентираниот Моис Кин е пред потпишување на својот прв професионален договор, ќе го потпише како и логично со Јувентус во чии редови во само четири дена прво дебитираше во Серија А, а потоа и во ЛШ.

    Сеуште нема професионален договор, во Јуве без загрижени дека ќе го напушти клубот за мала сума на пари.

    Целата приказна ја потврди и неговиот стар брат Џовани.

    „Навивачите на Јуве може да воздивнат, Раиола не сака да го одведе. Тоа да сакаше, веќе ќе го направеше. Јуве е вистински клуб во кој Моис ќе експлодира“, изјави братот на талентираниот фудбалер на Јувентус.

    Тананаречениот „суперагент“ Мино Раиола, го застапува младиот Кин и верува дека неговиот клиент ќе ја освои Европа.

    „Кин е име на кое треба да се обрати внимание во 2017 година  и тоа не го зборувам само затоа што су мнегов агент. Има само 16 години, но неговата упорност е застрашувачка. Тој има шанса да стане голема ѕвезда на Јувентус“, изјави Раиола.