Јунајтед ги зголеми мерките за сигурност на Олд Трафорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе биде првиот клуб кој вработи човек одговорен за осигурување против терористички напади.

Некогашниот главен инспектор на полицијата во Манчестер сега ќе работи на Олд Трафорд каде ќе мора детално да ги проверува навивачите при влегувањето на стадионот.

Дополнително осигурување ќе биде задолжено да ги проверува и автомобилите.

На овој потег се одлучија од раководството после посомневањето кое се случи во мај минатата година против Бурнмут каде е забележан сомнителен пакет во тоалетот.

Тоа беше лажна бомба, но од Јунајтед се решија да вработат човек кој ќе внимава со цел да бидат спречени евентуални терористички напади на Олд Трафорд.