Јунајтед доби понуда од 18 милиони евра – Искусниот фудбалер го напушта Олд Трафорд

Блескаше во дресот на Саутемптон, но класата не ја потврди на Олд Трафорд.

Морган Шнајдерлин скоро сигурно во зимскиот преоден рок ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Овој 27-годишен француски фудбалер за врска не е во прв план кај Жозе Мурињо кој нема ништо против неговата продажба, а црвените ѓаволи ја добија и првата официјална понуда.

BBC соопшти дека ВБА испратил понуда од 13 милиони фунти за французинот.

Се очекува Јунајтед да ја прифати оваа понуда, а тоа значи дека на овој фудбалер ќе изгубат скоро 20 милиони евра.