Јунајтед не може да го доведе Гризман, но има резервно решение


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гирзман, веќе неколку месеци се наоѓа на мета на Манчестер Јунајтед.

Пред неколку недели во англиските медиуми се појави информација дека францускиот репрезентативец ги договори условите со Јунајтед, и дека на лето ќе биде нов член на Црвените ѓаволи.

Сепак, од Јунајтед ги демантираа тие приказни и објавија дека постојат навистина мали шанси за Гризман да дојде на Олд Трафорд.

Имено, Атлетико Мадрид за овој напаѓач бара околу 100 милиони евра, но условите кои ги постави Гризман околу неделната плата се премногу за Јунајтед.

Наводно, тоа нема да биде проблем за Жозе Мурињо бидејќи тој веќе рече на челниците на клубот кои напаѓачи треба да пробаат да ги доведат на лето.

На листата на желби на португалскиот напаѓач се наоѓаат Роберт Левандовски и Килијан Мбапе, тинејџер кој со игрите во Монако го воодушеви фудбалскиот свет.

Наводно, Јунајтед е спремен да потроши околу 90 милиони евра за напаѓач, но тешко е да се очекува дека Баерн ќе го пушти Левандовски на крајот на сезоната.

Мбапе е прогласен за новиот Тиери Анри и тој може да биде ново засилување на Црвените ѓаволи.

Сепак, последниот збор во сето тоа мора да го даде Монако кој сеуште не доби официјална понуда од Манчестер.