До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед беше многу активен во ова лето, а се чини дека така ќе биде во јануари и во наредното лето.
Се работи за Ромелу Лукаку, кој Жозе Мурињо силно сака да го види во црвениот дрес, тврдат бројни англиски медиуми.
Интересно е дека Португалецот додека го водеше Челси лесно се откажа од Белгиецот и го испрати во Евертон. Прво на позајмица, а тогаш и откупен.
Се чини дека Специјалниот сега сака да ја исправи таа грешка и се ќе направи за тоа и да го оствари.
Така скаутите на Јујнајед веќе го следеа дуелот Евертон и Кристал Палас каде што Лукаку постигна и погодок за Карамелите.
Трансфер наводно ќе биде пробан во наредното лето, што може да значи и дека Златан по истекот на договорот ќе го напушти Олд Трафорд.
https://www.youtube.com/watch?v=vpozhwUUfqU















