„Ќе бев и јас како Роналдо, само да ми помогнаа“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Подзаборавениот Рајан Бабел се врати на фудбалската мапа со доаѓањето во Депортиво од Лакоруња.

    Некогаш голем талент на европскиот фудбал, Бабел последните неколку години ги помина во не толку звучни екипи како – Касимпаша и Ал Аин.

    Холанѓанецот соевремено како 20-годишен дојде во Премиер лигата, каде што требаше да биде ѕвезда во Ливерпул, но не одеше се по планот за талентираниот напаѓач.

    „Не бев третиран на вистински начин, никој од стручниот штаб не ми помогна. Имав само 20 години кога дојдов во најсилната лига на светот.

    Кога ќе имате 20 години, луѓето мораат да разговараат со вас, да ви помогнат. Мене никој не ми помогна. Бев препуштем сам на себе. Тоа е тешко за секој млад играч.

    Не се сите како Меси и Роналдо. На Роналдо првите години во Манчестер Јунајтед беа тешки. Целиот свет се прашуваше со се случува со него, зборуваа дека тој е само играч за Јутуб компилација.

    Но Алекс Фергусон му помогна. Веруваа дека тој може да стана најдобар играч на светот. Ако Фергусон не се грижеше толку за Роналдо, тој никогаш немаше да стане ваков играч“, истакна Бабел кој сега има веќе 30 години.