Џабе го имате најскапиот фудбалер во светот – Вотфорд го шокираше Манчестер Јунајтед


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Фудбалерите на Вотфорд го совладаа Манчестер Јунајтед на домашен терен со 3:1.

    Продл прв се закани по голот на Јунајтед, но шутираше непрецизно. Следуваше шанса на другата страна, а Погба ја погоди пречката. Во 34-та минута Капуе после лошата реакција на гостинските фудбалер му донесе водство на Вотфорд. После еден час игра, Маркус Рашфорд погоди за израмнување. Златан Ибрахимовиќ во 79-та минута шутираше со глава, но Хеурелијо Гомес фантастично одбрани. Резервата Зунига само после една минута по влегувањето на теренот погоди за ново водство на Вотфорд. Во 94-та минута Маруан Фелаини направи прекршок во казнениот простор, а Трој Дини од белата точка ги постави конечните 3:1.

    Ова е втора победа на Вотфорд, а за Манчестер Јунајтед втор пораз оваа сезона.