Џеко спремен за дербито против Јуве


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома минатиот викенд успеаа на домашен терен да ја совладаат екипата на Џеновиа со 3-2 и така ја прекинаа лошата резултатска серија.

На Волчицата оваа сезона не и оди баш најдобро и според очекувањата тоа е очекувано дека екипата се наоѓа во резултатска криза. После неколку натпревари без победа во домашното првенство, Рома успеа да слави над Џенова, но и овие три бода ги добија потешко од очекувното.

Пауза за тимот од Рим нема бидејќи викендов ги очекува големо дерби против Јувентус. Сепак за Ди Франческо сигурно е најважно тоа што во тимот се враќаат неколку стандарднио играчи кои се опоравија од повреди, а на прво место сигурно е Един Џеко.

Тој не играше неколку недели поради повреда, но успеа да се опорави за дербито против Јуве. Од Рим стигнаа информации дека Џеко почнал да тренира со полна пареа, па против Старата дама би требало да игра од првата минута.