Џеко ќе го продолжи договорот со Рома, но договорил и останување во Рим после завршување на кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварите во Лигата на нациите играчите се враќаат во своите клубови, а повторен собир е закажан за еден месец. Според пишувањето на италијанските медиуми Един Џеко одлучил да го продолжи договорот со Рома, а официјалната потврда би требало да биде за неколку дена.

Калчомеркато објави дека Џеко се согласил на нов договор со Рома кој ќе биде продолжен на една сезона, па во Рим ќе остане до 2021. година, кога ќе има 35 години, но веројатно по завршување на кариерата ќе му се придружи на легендарниот Тоти на една од директорските позиции.

Наводно, Џеко се согласил на помала плата во последниот договор, па наместо 4.5 милиони евра по сезона ќе заработва 4 милиони.

Инаку, Џеко покрај босанскиот јазик зборува германски, англиски и италијански, па веројатно ова го согледале во Рим со цел во иднина како дел од управата Џеко да им помогне околу проширување кон нови пазари во потрага по нови играчи.