Џенингс потпиша за Визардс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вашингтон доби големо засилување на плејмејкерската позиција.

Нов кошаркар на Визардс е Брендон Џенингс кој до неодамна играше за Њујорк Никс.

Тој потпиша соработка до крајот на сезоната, а во Вашингтон стигна како слободен играч.

Џенингс има играно за Орландо, Милвоки, Детроит и Лотоматика.

Во НБА има играно 518 натпревари, а има просек од 14.8 поени, 5.8 асистенции и 3.1 скока.