Џерард го откри името на најдобриот фудбалер со кој играл


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард објави крај на кариерата.

    Кариерата на Џерард траеше 19 години, а во текот на истата имаше чест соблекувалната да ја дели со некои од најдобрите фудбалери во светот.

    Во интервју по повод на завршувањето на кариерата Џерард мораше да одговори на прашање кој беше најдобриот фудбалер со кој ја делел соблекувалната.

    Дилема немаше, Џерард веднаш кажа Луис Суарез.

    „Луис Суарез, без никакви дилеми. Тој беше феноменален“, изјави Џерард.

    Да потсетиме дека Суарез во Ливерпул стигна од Ајакс за 22.5 милиони фунти и дека на 133 натпревари постигна 82 погодоци за црвените.