Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид во средата се изненадувачки поразени на гостувањето против Валенсија, а за викендов ги очекува дерби против Виљареал.
Кралскиот клуб гостува кај Виљареал во рамките на 24 коло од Ла Лига, а многумина веруваат дека тоа ќе биде дерби на ова коло.
Фудбалерот на Виљареал, Рафаел Сантос Боре, изјави дека неодамна разговарал со колегата од репрезентацијата, Џејмс Родригез.
Боре за шпанските медиуми рече дека често разговара со Џејмс, и дека играчот на Реал Мадрид откри дали на крајот на оваа сезона ќе го напушти Сантијаго Бернабе.
„Кога имаме шанса се слушаме. Ми рече неодамна дека е среќен во Реал бидејќи во последно време повеќе игра. Знае дека има доста понуди на маса, но како што мене ми рече тој на лето не сака да го напушти Реал Мадрид. Среќен е што конечно покажува поради што кралскиот клуб го доведе од Монако“, рече Боре.
Играчот на Виљареал порача дека противничката екипа ги очекува пеколен натпревар, и дека играчите на Жолтата подморница ќе даде максимум да оствари позитивен резултат против Реал Мадрид.