Џонџо Шелви доби казна поради расизам


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фудбалерот на Њукасл, Џонџо Шелви е казнет на 5 натпревари суспензија поради навреда на расна основа, соопштија од Фудбалската асоцијација на Англија.

Англискиот репрезентативец беше казнет и со 100,000 фунти поради своето однесување.

24-годишниот Шелви е прогласен за виновен по случајот во септември оваа година, кога го навреди играчот на Волверхемптон, Ромен Саис.

Шелви ги негира обвинувањата. Од фудбалската асоцијација на Англија соопштија дека Шелви има 7 дена да поднесе жалба на казната.