20-годишнината од победата против Реал фантастично обележана – Голем пресврт и победа на МЗТ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје во Борис Трајковски запишаа победа против Унион Олимпија во натпревар од осмото коло од АБА лигата со 97:96

    Одлично и фуриозно го започнаа натпреварот гостите од Словенија. Водство од 3:12 на почетокот. Првата четвртина кошаркарите на Унион Олимпија ја добија со 14 поени предност, 19:33. Избраниците на Александар Јончевски во втората четвртина се разиграа и ја намалуваа големата предност на гостите. На полувреме кошаркарите на МЗТ Скопје заминаа со негатива од 6 поени, 50:56. Аеродромци намалија на два поени негатива на почетокот на третата четвртина, 58:60. Кога намалија МЗТ гостите постигнаа неколку кошеви во серија и зголемија на 9 поени предност, 60:69. Во последните десет минути од натпреварот се влезе со 72:80. Кошаркарите на Унион Олимпија на стартот одлично започнаа во четвртата четвртина, 77:92. После тајм-аутот повикан од Јончевски кошаркарите на МЗТ Скопје ја намали предноста на Унион Олимпија, со тројката на Кларк израмнија, 92:92. Потоа следуваше и тројка на Синовец со дополнително слободно фрлање кое го погоди и МЗТ за прв пат стигна до водство од 94:92. Во нападот на Унион Олимпија, Кларк при крајот на нападот направи фаул врз Мулалиќ за три поени, а кошаркарот на гостите погоди две од три и го израмни резултатот, 94:94. Мулалиќ исто така направи офанзивен скок, а Џеферсон промаши тројка. Дефанзивен скок направи Мекиќ кој беше набрзина фаулиран  и погоди едно од две слободни фрлања за водство на МЗТ од 97:96. Џеферсон во нападот за водство на Олимпија промаши тројка, а Мекиќ повторно офанзивен скок. Мекиќ ги промаши двете слободни фрлања за втора победа на МЗТ оваа сезона во АБА лигата, 97:96.

    Кларк со 22 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ. Темс додаде 19, Скот 18, а двоцифрен беше и дебитантот Диабате кој постигна 13 поени. Кај Олимпија, Мулалиќ со 19 поени најмногу се истакна.