Гансо со два погодоци ја сруши Гранада на Рамон Санчез Пискуан (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Севиља на Рамон Санчез Пискуан ја победија Гранада во натпревар од 33-то коло во Ла Лига, 2:0.

Ибора шутираше над голот. Во четвртата минута Гансо ја затресе мрежата на Гранада.

Сарабија од слободен удар шутираше непрецизно. Мариано имаше шанса за зголемување на водството, но неговиот удар заврши покрај голот.

На почетокот на второто полувреме Гансо го постигна својот втор погодок на натпреварот.

Гранада шанси за погодок имаше преку Понче и Мехди кои шутираа непрецизно, па до крајот резултатот остана непроменет, 2:0.

Севиља после оваа победа се израмни со бодовите со Атлетико Мадрид кој утре му гостува на Еспањол.