60.000 Англичани потпишаа петиција 16. јули да биде неработен ден


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од најголемите фудбалски трески ја зафати Англија овие денови. Иако ретко кој тоа го очекуваше Гордиот Албион е во полуфиналето на Светското првенство каде што утре ќе игра против Хрватска.

Веројатно не постои ниту еден Англичанец кој ќе го пропушти овој натпревар, а тие сметаат дека нивната репрезентација треба да слави, па се очекува во недела Островот да биде на нозе, каде на распоред е големото финале.

Освен тоа, Англичаните одат толку далеку, па 60.000 потпишале петиција 16. јули да биде неработен ден.Да потсетиме, финалето на Мундијалот е на 15. јули, а Англичаните сметаат дека фудбалот таа ноќ ќе се врати дома, па затоа од властите бараат неработен ден со цел да се прослави најголемата можна титула.

Англиските власти се немаат огласено во врска со ова, но доколку Гордиот Албион утре победи против Хрватска ќе мораат тоа да го направат.