Мислевте дека не смее? Откриена причината зошто Варди не шутираше пенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многумина беа изненадени кога Џејми Варди одлучи да не го шутира петтиот пенал против Колумбија во осмина финалето на Светското првенство.

Иако е познат како одличен изведувач на најстрогата казна која редовно ја изведува во Лестер, Варди не беше меѓу оние кои шутираа од 11 метри, а причината е тоа што во 5тата минута од првото продолжение тој заработи еден удар во препонот поради кој своето место одлучи да го отстапи на некој друг.

На крај одговорноста ја презема Ерик Диер кој одлично го изведе петтиот пенал и ја одведе Англија во четврт финале и со тоа го сруши проклетството на пенали кое ги прати Англичаните на Мундијалите откако играат фудбал.

Инаку Џејми Варди во псоелдните осум сезони има изведено 15 пенали и 12 пати бил прецизен, а после синоќашниот натпревар тој примил инекција која ги ублажува болките, па напаѓачот на Лестер сигурно ќе биде спремен за натпреварот во четврт финалето против Шведска.