Лопетеги не се откажува, сгигнува еден, заминуваат двајца


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Преодниот рок сеуште не е завршен за Реал, проблем остануваат напаѓач и лев бек.
Веќе пишавме, Маркос Алонсо е невозможна мисија, а Лопетеги и понатаму сака да го донесе напаѓачот Родриго кој го однесе на Мундијалот и со кој беше младински првак на Европа.

Валенсија не се дава, 120 милиони е клаузулата, наводно ќе прифатат и 80 но Реал Мадрид смета дека тоа е нереално, односно дека 60 милиони со бонуси е максимумот кои се спремни да го платат.
Марселино, тренерот на Валенсија повтори дека смета на Родриго.

Инаку Реал ќе испрати овие денови двајца играчи на позајмица како би помогнале на Рајо Ваљакано. Талентираниот голман Лунјин како и одличниот напаѓач Де Томас ќе заминат во Ваљакано.

Потсетуваме, Реал со Роналдо ги продаде Хаким, Ковачиќ, Тео Ернандез замина во Сосиедад, додека Омар Маскерал премина во Шалке.