Манчестер сити го претстави резервниот дрес, а ривалите едвај чекаа за да ги исмеваат

Клубовите од Манчестер избраа необични бои.

Манчестер Сити на својата официјална страница ги претставија гостинските дресови за новата сезона.

Многу европски клубови го направија тоа на почетокот на сезоната, а денес тоа го стори и Манчестер Сити. Граѓаните на својата официјална страна објавија фотографии од новите дресови кои ќе бидат трети за оваа сезона.

Најк овој пат одлучи на резервниот дрес да доминира виолетова боја, а дизајнот на прв поглед им се допадна на навивачите на Сити.

Сепак, навивачите на ривалските тимови веднаш почнаа да ја исмејуваат екипата од Манчестер бидејќи резервниот дрес на Јунајтед е розoв, а на Сити е виолетова боја.