Вајт потврди: Конор нема да добие реванш, Фергусон е на ред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конор МекГрегор нема да добие реванш птотив Кабиб Нурмагомедов. дагестанецот кој на почетокот на овој месец ја уништи најголемата УФЦ ѕвезда, а МекГрегор веднаш после поразот побара реванш.

Меѓутоа, до реванш нема да дојде. Претседателот на УФЦ, Дан Вајт одлучи следниот противник на Кабиб да биде Тони Фаргусон, некогашниот шампион во оваа категорија кој титулата мораше да ја напушти поради тешка повреда.

,,Тони Фергусон е следен на ред. Не го изгуби појасот во рингот, па таа борба е вистинска. Сакаме да ја организираме таа борба и ќе видиме како се ќе се одвива. Многу зависи и од суспензијата која ќе дојде”- рече Вајт.

Претходно Кабиб и Тони дури четири пати требаше да одат во рингот, но дуелите пропаѓаа поради повреди на борачот.

Меѓутоа се чини дека крајното време за пресметка дојде, а многумина веруваат дека Фергусон е единствениот кој може да го загрози Кабиб.