Мата откри што му реше на Јонг пред изведување на слободниот удар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хуан Мата беше еден од актерите за пресвртот на Манчестер Јунајтед против Јувентус.

Мата неколку минути пред крајот на натпреварот постигна сјаен погодок од слободен удар и на тој начин му донесе изедначување на својот тим.

После натпреварот тој за Манчестер Јунајтед ТВ рече дека го замолил Ешли Јанг да го пушти тој да го изведе слободниот удар.

,,Кога видов дека е досуден слободен удар бев полн со самодоверба и верба дека треба да го изведам. Му реков на Ешли Јанг: Те молам пушти ме да го изведам бидејќи сакам да шутирам преку живиот ѕид. Тоа се незгодни слободни за голмани бидејќи живиот ѕид е премногу близу и топката касно се гледа. Така се обидов да го направам она што постојано го работиме на тренинзите. Беше важно да погодам и да изедначиме со 1:1, па подоцна го постигнавме и другиот гол”- рече Мата.

Потсетуваме, Јунајтед подоцна дојде и до втор гол па сега рамноправно се вклучи во трката за првото место во оваа група.