Знаете ли кој е најдобар играч за врска во Милан во моментов?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Росонерите се во проблеми поради повреда, но овој човек се истакна и може да биде од голема помош.

Повредата на Лукас Биље и Џакомо Бонавентура го ставија Милан во незгодна положба.
Ротацијата во редот за врска е слаба, спортскиот директор Леонардо ќе проба тоа да го промени во јануари, а решение би можел да понуди и поранешен тренер.

Намалената ротација на најдобар начин ја искористи Бакајоко кој врза три многу добри натпревари во дресот на Росониерите.

Францускиот интернациоалец кој пристигна од Челзи на позајмица со право на откуп забележа седум успешни стартови, шест триблинзи, доби 26 дуели од кои осум воздушни и исто така го врати поседот во 24 наврати , во последните две категории е најдобар во клубот.

Понатаму, Бакајоко кој на почетокот го осудуваа пружа фантастични партии во псоледно време, статистички е најдобар играч за врска во клубот од Сан Сиро и би можел да биде важен фактор во продолжението на сезоната за екипата на Гатузо.