Салихамиџиќ ги реши дилемите: „Немаше контакти со Венгер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач барем накратко воздивна.

Резултатите кои ги бележи Баерн под водство на хрватскиот стратег се разочарувачки, но вчерашната победа над Бенфика во рамките на Лигата на шампиони со 5:1 ги продолжи деновите на Ковач на Алианц Арената.

Конечно Ковач имаше причина за задоволство како и играчите на Баерн, а зад него како и по обичај застана спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ. Беше прашан дали Ковач ќе седи на клупата и за време на викендот на натпреварот против Вердер во Бундеслигата, а тој без размислување одговори:

„Секако. Резултатот и играта зборуваат сами за себе. Играчите конечно одиграа за клубот и за тренерот“- рече Салихамиџиќ кој не го заобиколи прашањето дали има вистина во тоа дека Баерн може да го преземе легендарниот Арсен Венгер.

„Не. Со 100 постотна сигурност ви тврдам дека тоа не е вистина. Разговаравме околу проблемите кои ги имаме но никогаш не зборувавме за други тренери“- рече Салихамиџиќ.

Баварците со победата над Бенфика осигураа осмина финале во Лигата на шамопионите.