Дембеле се повреди, денес на прегледи


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер за врска Осман Дембеле повторно се повреди.

Барселона на домашен терен го победи тимот на Леганес со 3-1, а Дембеле го постигна првиот гол за својот тим во 32. минута.

Сепак лоши информации пристигнаа за навивачите откако во 69. минута Французиот повторно се повреди. Тој го напушти натпреварот веднаш по повредата, а беше заменет од Малком.

Барселона после оваа средба потврди дека Дембеле заработил повреда на зглобот и дека повеќе информации ќе се знаат после лекарските прегледи.

Навивачите на Барса се надеваат дека не се работи за некоја посериозна повреда, со обзир дека Дембеле игра во одлична форма во последните неколку натпревари.