Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне рече дека никогаш нема да ги прежали двата порази во финалината на ЛШ од Реал.
„Луѓето одбиваат да го користат зборот “неуспех“, но кога нема да ги достигнете своите цели, тогаш тоа е неуспех. Јас никогаш нема да ги прежалам поразите од Реал бидејќи тоа за мене беше неуспех“.
Симеоне рече дека тоа е една од главните причини што остана.
„Велат дека времето лечи се, дека мора да помине многу вода под мостот, но за мене не е така. Ништо не може да ги надокнади тие порази и затоа останав овде, затоа сум мотивиран да продолжам тоа што го почнав“.