Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клаудио Браво беше на голот на Барселона кога го демолираа Бетис со 6:2.
А таа убедлива победа беше и последниот натпревар на Браво во дресот на Барселона, од Каталонија потврдија дека договор со Сити е донесен.
„Мора само да најдеме замена“ – изјави директорот на Барселона, Роберт Фернандез
И наоѓањето замена е веќе завршена работа, Хаспер Силсен од Ајакс.
Силсен во понеделник би требало да пристигне во Барселона и да потпише договор со тимот.
Прв голман на Барселона ќе биде Тер Штеген, а што се однесува за Браво во Сити, секако ќе биде прв избор на Пеп Гвардиола пред веќе отпишаниот Џо Харт