Оливер Жиру ги одбил кинеските милиони

Напаѓачот на Челси, Оливер Жиру (32) одбил понуда од Кина.

Нему екипата на Далан Јуфанг му понудила повеќегодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона, но 32-годишниот репрезентативец на Франција ја одбил оваа понуда.

Тој не сака да оди во Кина, без обзир на висината на понудата. Среќен е во Англија каде што игра веќе шест ипол години, а ако замине некаде, тоа ќе биде во една од топ 5 лигите во Европа.

Далан Јафанг барем за сега остана без напаѓачко засилување. Тие имаа испратено и понуда до напаѓачот на Борусија Минхенгладбах Алесане Плеа вредна 40 милиони евра.

Жиру оваа сезона во Челси одигра вкупно 27 натпревари и оствари учинок од пет голови и пет асистенции.