Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пиатек беше сензација во првиот дел од сезоната во Серија А, а Џенова во јануари го продаде на Милан.
Но тие осигураа и замена за Полјакот во врвот на нападот, па од Бетис стигна одличниот Парагвајец Антонио Санабриа.
Некогашниот фудбалер на Рома веќе постигна два голови од своето враќање во Серија А, а младиот голман на Џенова Андреи Раду смета дека Парагвајецот не е ништо полош од Пиатек.
„Тој е одличен играч, поседува одлична техника. Според мене, тој може многу да ни помогне. Сега мораме да се прилагодиме, бидејќи Пиатек беше многу добар, но сега го имаме Санабрија, кој не е ништо полош од него“, изјави Раду.
Исто така, Санабрија изјави откако пристигна во Џенова дека се чуствува одлично во новиот клуб и дека брзо се вклопил во екипата.
„Среќен сум што сум во Џенова. Новите соиграчи се погрижија да се чуствувам како дел од тимот. И тренерот Прандели многу ми помогна“, изјави тогаш Санабрија.