Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Италија после големиот неуспех во квалификациите за Мундијалот во Русија, наскоро ќе започне квалификации за Европското во 2020 година.
Италија на 23. март ќе ги одмери силите со Финска, а три дена подоцна на распоредот е средбата со Лихтенштајн.
Се верува дека нема да има поголеми изненадувања на списокот на селекторот Манчини кога се во прашање играчите. Меѓутоа, изненадување би можело да биде кога е во прашање кој ќе биде изоставен од списокот.
Манчини сигурно ќе ги повика напаѓачите Бернардески, Инсиње, Имобиле и Федерико Киеса, а се верува дека повик нема да добијат Кваљарела и Паволети.
Веројатно ќе бидат повикани Ел Шарави и Политано, но италијанските медиуми веруваат дена повик нема да добијат Балотели и Белоти.
Андреа Белоти после периодот на мачење конечно ја пронајде формата и постигна три голови во последните два натпревари за Торино, но поголемо изненадување би било изоставување на Балотели од списокот.
Балотели игра фантастично откако оваа зима премина во Марсеј, но се чини дека тоа нема да биде доволно Манчини да го повика својот „фудбалски син“ за претстојните дуели.