Жозе Мурињо чекаше и дочека слатка одмазда против Пол Сколс

Жозе Мурињо сеуште работи како стручен коментатор во Англија додека чека нов тренерски ангажман.

Мурињо на крајот од минатата година доби отказ од Манчестер Јунајтед поради лошите резултати и одлучи да прифати понуда од англиска телевизија и да биде стручен коментатор.

Португалскиот стручњак се поврзуваше со неколку клубови во последно време, а најмногу со Реал Мадрид. Сепак, до договор не дојде и сега е јасно дека Мурињо ќе чека до крајот на сезоната да ги разгледа новите понуди.

Овој викенд повторно гостуваше во емисија за Премиер лигата и жестоко го критикуваше Пол Сколс кој даде оставка на местото тренер на Олдам Атлетико.

Сколс беше еден од најголемите критичари на Мурињо додека беша во Јунајтед, а сега Португалецот сето тоа го „наплати“.

„Пол Сколс ме критикуваше кога бев менаџер на еден од најдобрите клубови во светот. Тој сега беше тренер на Олдам 31 ден. Подобро му е да се врати во студио“, рече Мурињо.