Ајакс ќе го награди тренерот Тен Хаг после пласманот во полуфиналето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После постигнатиот успех и пласман во полуфиналето на Лигата на Шампионите со тимот на Ајакс, Ајакс одлучи да го награди тренерот Ерик Тен Хаг со нов договор, пренесуваат холандските медиуми.

Екипата од Амстердам ќе игра во полуфиналето на Лигата на Шампионите против екипата на Тотенхем и ќе се борат за големото финале. Според тоа, тренерот на Ајакс не треба да биде загрижен за својата иднина.

Инаку, Тен Хаг во декември во 2017 година потпиша две и пол годишен договор со клубот кој му истекува на крајот на оваа сезона, но наводно ќе добие нов и тоа петтогодишен договор.

„Ерик тен Хаг е многу успешен тренер и продолжувањето на неговиот договор ќе биде добро за клубот“, изјави техничкиот директор на клубот Марк Овермарс и додаде:
„Во некои од наредните денови ќе разговараме со тренерот за да ја официјализираме целата постапка и да ја ставиме на хартија. Претпоставувам дека резултатот ќе биде позитивен“.

Инаку, овој 49 годишен тренер пред Ајакс го водеше клубот на Утрехт и резервниот тим на минхенскиот Баерн каде што имаше прилика да учи од Пеп Гардиола кој тогаш беше тренер на првата екипа.

Ајакс првиот натпревар во полуфиналето на Лигата на Шампионите ќе го одигра на домашен терен на 30 април, додека реваншот ќе биде на распоредот за само осум дена подоцна во Лондон.