Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марио Балотели без дилема е еден од „најлудите“ фудбалери кои некогаш се појавиле на фудбалските терени.
Сега делува многу мирно за разлика од тоа што беше на почетокот на кариерата, тој сеуште знае да направи скандал, но не е ни блиску до оние кои ги правеше порано.
На теренот тој изведуваше големи глупости, а сите љубители на фудбалот сигурно ќе се сетат на потегот кој го направи во еден предсезонски натпревар кога го носеше дресот на Манчестер Сити во 2011 година.
Тогаш во дуелот против ЛА Галакси, Балотели се движеше сам кон голот и наеднаш се сврте и со пета топката ја шутна до голот со што ги налути сите негови соиграчи а тогашниот менаџер Роберто Манчини се фати за глава.
Вчеравечер една страна на инстаграм одлучи да не потсети на ова промашување. Го ставија ова видео но не очекуваа дека во коментар ќе се појави Марио Балотели.
„Мислев дека сум во Офсајд. Вие кучкини синови“, порача Балотели и додаде:
„Плус, слушнете го свирчето пред мојот шут, затоа го направив тоа“, напиша Балотели.
Италијанскиот напаѓач дресот на Сити го носеше од почетокот на летото во 2010 година до крајот на јануари во 2013 година кога отиде во Милан.
После Милан, настапуваше и за Ливерпул и Ница, а моментално е член на францускиот Марсеј.