Тотенхем го победи Лестер, го добива играчот од Саутемптон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува Мирор, Тотенхем наскоро може да го официјализира новиот трансфер.

Тотенхем во наредната сезона ќе има многу тешка задача, ќе игра и во Лигата на шампионите, па им е потребна добра потполнетост на сите позиции во тимот.

Токму поради тоа сакаат во својот тим да го видат Виктор Ванјама, фудбалер на Саутемптон.

Лестер истотака го сака, но Мирор пишува дека Тотенхем веќе победи во овсаа трка и дека наскоро ќе потпише договор со Кениецот.

Се верува дека цената која Спарси ќе ја платат е околу 11 милиони фунти. Пробаа во управата на Тотенхем да го понудат Бенталеб и Рајан Мејсон на Саутемптон, но ниту еден играч не сакаше да се придружи на Светците.

Нормално, не треба да се спомене дека Виктор Ванјама соработуваше во Саутемптон со Маурисио Покетино и дека Аргентинецот многу добро е запознаен во квалитетите на 24-годишниот играч за врска.