Тотенхем веќе бил прежален, а потоа во соблекувалната влегол Хари Кејн и одржал одличен говор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Десниот бек на Тотенхем Трипиер откри што најмногу ги мотивирало на полувремето од синоќешниот натпревар.

Петлите губеа со 2-0 од Ајакс, но сепак успеаа да направат пресврт од 3-2 и се пласираа во големото финале.

Трипиер кажа дека на полувремето во соблекувалната влегол Хари Кејн кој ги мотивирал своите соиграчи да одиграат далеку подобро второ полувреме.

„На полувремето влезе во соблекувалната и ни зборуваше дека можеме да играме подобро. Тоа го знаевме сите, но ни требаше неговото водство во тие моменти. Знаевме дека ќе се случи нешто во соблекувачната, бидејќи не беше среќен. Не подигна нас и неговото присуство беше од огромно значење за нас“, изјави Трипиер.