Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Посебниот смета дека не тргна се на подобро.
Набрзо после ескалацијата на односот на Погба и Мурињо, „Посебниот“ доби отказ на Олд Трафорд, а на неговото место, кормилото на тимот на Манчестер Јунајтед го превзема Оле Гунар Солскјер.
Сега, после толку време, Жозе Мурињо проговори за своето време поминато на Олд Трафорд, а го одговори и прашањето дали бил жртва на недоразбирањето помеѓу него и Погба.
Мурињо на ова прашање одговорил негативно, но сепак кажа дека верува дека на Олд Трафорд и понатаму има многу проблеми.
„Не. Таму имаше проблеми. И сами може да замислите дека проблем се играчите, организацијата, па и амбицијата“, изјави Мурињо за медиумот L’Equipe, и продолжи:
„Можам само да кажам „да“ кога ќе ме прашате дали Пол е единствениот одговорен за проблемите“.
Португалскиот стручњак очигледно смета дека управата на Јунајтед и понатаму немаат направено ништо во врска со проблемите на кои ги предупредувал.
„Пред девет или десет месеци реков дека освојувањето на девет шампионати, второто место можеби е моето најголемо достигнување. Но луѓето сега го разбираат тоа“, истакна Мурињо.
„Не го анализирам јавно и често Манчестер Јунајтед. Не сакам да зборувам за тоа, а имам и чувство дека за тоа нема ни потреба – времето ќе каже се“, порача Мурињо и додаде:
„Кога е Јунајтед во прашање сакам да кажам само две работи. Едната е тоа дека времето си го кажа своето, а другата е тоа дека проблемите и понатаму се во клубот.“