Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дали Италија е неговата ветена земја?
Жозе Мурињо сеуште е слободен, но сите прилики го водат повторно да седне на клупата на некој великан.
Во декември, Мурињо го напушти Манчестер Јунајтед после серијата од лоши резултати и од тогаш „Специјалниот“ остана без работа, и покрај тоа што работеше како коментатор и аналитичар на некои канали.
Меѓутоа, самиот Жпзе призна дека му недостига возбудата која ја носи фудбалот. Се поврзуваше со неколку клубови, но сеуште нема конкретни информации околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата некогашниот менаџер на Реал, Интер, Челзи и Манчестер Јунајтед.
La Gazzetta dello Sport денеска објави интересна приказна. Имено, како што тврди споменатиот весник, Мурињо би можел да седне на клупата на Јувентус, која ќе остане празна по заминувањето на Макс Алегри на крајот од сезоната.
Исто така, GDS пишува дека Мурињо во Торино го „туркаат“ Кристијано Роналдо, звездата на Јувентус како и неговиот суперагент Мендеш.
Секако, Кристијано и Мендеш секаде имаат големо влијание, па така и во Јувентус, но сеуште оваа потенцијална одлука е под знак прашалник, наводно тие ја разгледуваат можност а за именување на некој „домашен“ менаџер како Сари и Симоне Инзаги.
Интересно е да се напомене дека би настанал вистински „ураган“ ако Жозе отиде во Јувентус, со оглед на тоа дека овој човек е врзан со Интер и навивачите на двата тимови сигурно би го „распарчиле“.