Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Црвените Ѓаволи Давид де Геа имаше турболентен финиш на сезоната во Манчестер Јунајтед, а истиот го чинеше губење на статусот прв голман на репрезентацијата на Шпанија, барем засега.
Наместо Де Геа во синоќешниот натпреар од квалификациите за ЕП против Шведсна ка голот се најде Кепа Аризабалага.
Помошникот тренер во стручниот штаб на Шпанија Роберто Морено истакна дека Кепа моментално е прв избор поради едноставна причина – подобра финиш сезона и подобри резултати на голот на Челси.
Инаку, Кепа против Шведска го забележа третиот последователен старт за Црвената Фурија.
„Не мислиме дека времето на Де Геа во Шпанија е завршено, но Кепа имаше неверојатен крај на сезоната, ја освои Европската лига со одлични изведби. Во овој конкретен момент мислиме дека Кепа може да ни помогне на подобар начин“, изјави Морено.
„Кога пред вас е нешто лесно се опуштате и тоа не е добро. Конкуренцијата е добра работа…Веќе го гледавме Кепа како игра во Европската лига и видовме дека е во добра форма. Сепак, моравме да провериме во екипата“, продолжи Морено, па додаде:
„Разговарав со селекторот Енрике пред натпреварот за тоа, а после натпреварот одлучивме да го задржиме во првиот состав… При донесувањето на одлуката не одлучи некој конкретен момент. Одамна разговараме за првата постава, а кога ги имате сите информации тогаш носите одлука“.