Ел Шарави доби понуда од соништата за продолжување на кариерата


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Стефан Ел Шарави доби неверојатна понуда да ја продолжи кариерата.

Популарниот фараон позади себе има многу добра сезона во дресот на Рома на индивидуално ниво, а ова беше забележано од кинескиот клуб Шангај Шенхуа кој му испратил понуда.

Како што објави познатиот новинар на Скај Спорт, Џанлука Ди Марцио, на Ел Шарави му е понуден договор со кој ќе добие неверојатни 12 милиони евра по сезона, што би било околу четири пати повеќе отколку што тој сега добива во Рома.

Сепак, мал проблем засега претставува Волчицата, која бара 26 милиони евра оштета за нејзиниот 26-годишен фудбалер.

За Рома проблем претставуваат и дел од навивачите кои се лути и незадоволни, бидејќи се повеќе се шпекулира дека клубот ќе ги продаде скоро сите најдобри играчи во овој преоден период.

Кога станува збор за Ел Шарави, тој одигра вкупно 33 натпревари минатата сезона во Рома и постигна 11 гола со седум асистенции.

Пред Рома тој ги бранеше боите на Џенова, Милан и Монако.