Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус синоќа го потврди доаѓањето на Лука Пелегрини од Рома, но некако во сенка на се во Торино завршиле уште еден трансфер.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус во своите редови го доведоа и Хамза Рафија, но дека тоа го направиле на навистина неверојатен начин.
Овој 20годишник во ова лето му истекува договорот со Лион и веќе одамна се договори кариерата да ја продолжи во Јувентус. Меѓутоа, иако требаше да дојде во Торино како слободен играч, Старата дама на крајот ги воодушеви сите.
Тие сакаа да ги сочуваат одличните односи со Лион и им порачаа да го продолжат договорот со Рафија со цел за него да платат обесштетување.
Иако Јуве можешпе да го доведе како слободен играч, тие одлучија да платат за него оштета. Ова навистина ретко се гледа во светот на фудбалот, но сигурно е за секоја пофалба.
Но, многумина веруваат дека позади ова се крие друга намера на челниците на Јувентус, односно на овој начин сакаат да си осигураат себеси предност за доведување на некои од најдобрите играчи на Лион.