Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчите на Барселона официјално ќе почнат со подготовките за новата сезона следната недела.
Играчите на каталонскиот клуб имаат уште седум слободни денови, освен за играчите кои играа во Копа Америка ,тие ќе имаат малку подолг одмор. Но, подготовките во тренинг центарот во Барселона веќе започнаа.
Имено, сите биле изненадени кога утрово се појави Осман Дембеле, коj дошол да одработи тренинг. Тој и кажал на управата дека ќе започне со тренинзи седум дена претходно, бидејќи сака да новата сезона да биде во подобра форма.
Тој, исто така, побарал тренер кој ќе работи со него пред другите соиграчи да се придружат во подготовките. Навистина, овој потег на Французинот ги изненади сите, но исто така се покажа колку сака да се докаже во дресот на Барселона
Тој изјави дека може да се очекува одлична сезона од него и се надева дека неговите повреди нема да направат такви проблеми како претходните две години.