Рибери на претставувањето го прашаа за лузната, а неговиот одговор беше срцепарателен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Франк Рибери во наредните две години ќе игра во Серија А после потпишувањето на 2 годишниот договор со Фиорентина.

Легендарниот Французин во Фиренца пристигна како слободен играч откако повеќе од деценија настапување за минхенски Баерн.

Во новиот клуб беше официјално претставен, а едно од прашањата се однесуваше на лузната на неговото лице по која на некој начин е и препознатлив.

„Имав потешкотии кога бев мал. Израснав на улица и сум личност која вредам, бидејќи е важно никогаш да не заборавите од каде доаѓате“, изјави Рибери и продолжи:

„Едноставен сум и ме почитуваат личностите кои ме опкружуваат. Овој опасен инцидент го формираше мојот каратер и имам големо срце. Ако можам да им помогнам на луѓето тоа и го правам. Јас сум човек“.

Рибери поради лузната и градбата како дете го нарекувале Квазимодо и во текот на целото детство бил мета да навреди. Лузната ја добил после тешка сообраќајна несреќа.